1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Беназир Буто се враќа во Пакистан

18 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bs5f

По осум години во егзил денеска во Пакистан се враќа поранешната премиерка Беназир Буто. Поради смртни закани од исламски екстремисти, за нејзината безбедност во акција се ставени неколку илјади безбедносни сили. Враќањето се овозможи, откако претседателот Первез Мушараф ги симна обвинувањата против неа за корупција. Но, сепак судот треба да одлучи за исправноста на одлуката. Неколку илјади приврзеници веќе се собираат да ја пречекаат Буто.