Бегалците во трка со времето
28 септември 2015Ја напуштиле татковината за да стигнат овде. Многумина бегалци веќе со недели се на пат, пред да стигнат до прифатниот центар Никелсдорф во Австрија. Најтешкото е зад нив, но тука ги чекаат нови проблеми.
Волфганг Гребминг, портпарол на војската истакнува:
„Времето е вистински предизвик, станува поладно, доаѓа дожд. Тоа е предизвик и за војниците и луѓето кои се ангажирани за помош на бегалците.“
Ноќе е веќе прилично ладно. Затоа на бегалците им се брза да стигнат на својата цел, најчесто Германија.
Унгарија пренесе илјадници бегалци со воз на западната граница на земјата. Оттаму тие мора да одат неколку километри пешки за да ја преминат австриската граница кај Никелсдорф.
Други пак имаат долг пат пред себе. Хрватското гратче Строшинци е натамошен собирен центар за оние кои доаѓаат од Србија. Многумина не добиваат доволно згрижување.
Абдел Малек, сириски бегалец се жали:
„Овде нема храна. Нашата храна и вода се потрошени. А, како што гледате, има бројни жени и бебиња. Што можеме да правиме? Не знам зошто ова ни го прават? Но, се надевам дека денеска ќе се‘ биде добро“.
И покрај тешките услови за време на бегството, многумина уште се надеваат на подобар живот во ЕУ.
Но, колку се приближуваат доцната есен и зима, толку повеќе нивното патување станува трка со времето.
#videobig#