1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан предупредува од опасност од нова Руанда

АТ/ афп6 април 2014

На пат кон Руанда, која утре (7.04) одбележува 20 години од геноцидот, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја посети Центаралноафриканската Република. Бан притоа предупреди дека геноцидот би можел да се повтори.

https://p.dw.com/p/1Bcmj
Фотографија: MIGUEL MEDINA/AFP/Getty Images

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун допатува во ненадејна посета на Централноафриканската Република (ЦАР) каде се заложи за испраќање на 12.000 војници на ОН во оваа земја. На тој начин би требало да се смири конфликтот и да се подготват изборите планирани за февруари 2015 година. Тој пред пристигнувањето во Централноафриканската Република рече дека е „длабоко потресен“ од „насилствата“ во земјата.

Поуки од Руанда

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун патува за Руанда, каде ќе потсети на жртвите од геноцидот пред 20 години. Бан бил „вџашен“ од опасноста од „евентуално нова Руанда“, изјави дипломат на ОН во Банги.

Во ЦАР беснее крвав конфликт меѓу христијанските и муслиманските етнички групи. Европската унија затоа изминатата недела донесе одлука за воена мисија во оваа земја. До илјада војници ќе треба да обезбедуваат делови од главниот град, како и аеродоромите.

Чад се повлекува

Поради конфликтот, околу една четвртина од 4,6 милиони жители се во бегство.

Во моментов, околу 2000 француски војници и 6000 војници на Африканската унија се ангажирани во кризната држава. Владата на Чад меѓутоа во четвртокот (3.03) најави дека ќе го повлече својот контингент од мисијата на Африканската унија во ЦАР. Пред да биде објавена оваа одлука, имаше обвинувања од христијаните дека армијата на Чад стоела на страната на муслиманската бунтовничка група Селека. Освен тоа, Комесаријатот за бегалци на ОН (УНХЦР) ја обвини армијата на Чад дека масакрирала цивили. Владата во Нџамена ги отфрли обвинувањата како „навредувачки и тенденциозни“.