1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бакнете ја раката на „дон“ Бојко

2 март 2017

Сигурно веќе сте го виделе тој видео-клип: на средба со подмладокот од ГЕРБ, тројца функционери му ја бакнуваат раката на Бојко Борисов. Настанот кој се случи во неделата го коментира германскиот новинар Јирген Рот

https://p.dw.com/p/2YW7X
Bulgarien Premierminister Boyko Borissow Borissov
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ако некој не знае дека силниот маж во центарот на кадарот е доскорешниот бугарски премиер Бојко Борисов, веднаш ќе помисли дека тука се работи за оддавање почит кон некој „капобастоне“- бос на калабриската мафија. Затоа што токму на тој поданички начин членовите на Ндрангета ги почитуваат своите „босови“, сеедно дали во Чирко или во Сан Лука. 


Некој дури би рекол, дека на тој начин младите членови на ГЕРБ си припомнуваат на не сосема јасното минато на многу уважениот Бојко Борисов. Или можеби едноставно претходната вечер го гледале класикот на Френсис Форд Копола „Кум“?

Независно од тоа, за секој демократ е болно да ја набљудува таа, речиси, кучешка покорност на младите луѓе и благонаклоноста со која Борисов ја прифаќа таа преданост. И така одново доаѓаме до „капобастоне“ и тоа на еден настан чиј соорганизатор е германската фондација „Ханс Зајдел“. Таа фондација е блиска до германската Христијанско-социјална Унија (ЦСУ), која истовремено е и соосновач на ГЕРБ.
Но, и покрај сето тоа да не бидеме толку бескомпромисни. Та нели омилен гостин на ЦСУ е и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој со сите сили се бори за една неолиберална демократија и за една авторитарна држава, додека во исто време, според познавачите, самата Унгарија постепено се претвора во посткомунистичка мафијашка држава.

Jürgen Roth
Јирген РотФотографија: picture-alliance/dpa