Апокалиптични сцени од невремето во Македонија
Во страшното невреме од обилен дожд и силен ветер и поплавите кои го погодија главниот град Скопје и околината загинаа најмалку 21 лице, има поголем број повредени. Слики на катаклизма: уништени куќи, однесени автомобили
Северните населби околу Скопје меѓу најпогодените
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од пронајдените 21 загинато лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не е идентификувана. Загинатите се пронајдени во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци, каде поплавите оставија пустош зад себе, оштетувајќи домови, возила и инфраструктура.
Скопје под вода
Голем број улици и булевари во Скопје беа целосно непроодни. Поплавите беа предизвикани од обилни врнежи дожд од над 90 литри на квадратен метар, а дуваше ветар со брзина и до 70 километри на час. Скопје и Тетово се прогласени за кризни региони.
Слично на кошмар
Граѓаните од погодените места сведочат за сцени кога трчале да се спасат себеси и она што можат од домовите. Поплавени домови, превртени автомобили, затрупани улици со кал, камења и отпад.
Огромни материјални штети
Сеуште е рано за проценка, но невремето предизвика огромни материјални штети.
Помош за настраданите
Владата донесе одлука на семејствата со загинати да им додели еднократна парична помош од 300.000 денари, а претходно такви одлуки донесоа Градот Скопје за 180.000 денари и општина Гази Баба за 100.000 денари.