1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Андреј Пленковиќ - реформатор на ХДЗ или предизборна маска?

Синиша Богданиќ/НД25 јули 2016

Новиот лидер на ХДЗ во врвот на партијата како сопствен капитал ги носи својата префинетост и европски имиџ, поради што дел од ХДЗ го дочека како нужно зло.

https://p.dw.com/p/1JSMp
Фотографија: DW/S. Voropayev

Хрватската јавност за единствениот кандидат за наследник на Карамарко знае многу малку. Тој е претставник во Европскиот парламент, што во Хрватска не се смета за институција, па не е изненадување тоа што евроскептичната јавност го гледа само како бирократ кој е оддалечен од просечниот хрватски граѓанин. Тој самиот, не се профилираше многу во партијата. Климата која ја створи неговиот претходник не му годеше многу, па се чини Европскиот парламент беше идеална дестинација за „Андреј од Брисел“ како што го нарекуваат со подбив внатре-партиските противници.

Според комуникологот д-р. Перо Малдини, Пленковиќ во „пет до дванаесет“ стана опозиција на Карамарко на партискиот конгрес на ХДЗ во мај, иако тој со 90.000 гласови беше реизбран за претседател на партијата.

„И Карамарко во почетокот не беше прифатен како претседател од страна на десното крило на ХДЗ, па за да се легитимира во овој сегмент на партијата се обидуваше да биде 'поголем католик и од папата'. Изразената радикализација и приклонување кон десницата, што не беше типично за ХДЗ, па дури ни за Туѓман, укажува на тоа дека партијата стана заложник на амбициите на Карамарко", објаснува Малдини, анализирајќи ја позадината на подемот на Пленковиќ.

Таа заложничката криза, објаснува професорот, продолжи и во неуспешното формирање на владата, а заложничкиот однос продолжи до уривање на својот премиер. „Претседателството остана исто, а ниту еден од оние 90.000 луѓе во текот на ноќта не се предомислија. Изборот на Пленковиќ и откажувањето на сите потенцијални противкандидати апсолутно покажува дека ова е прагматична одлука, а не вистинска политичка промена. Во прилог на ова говори фактот дека анонимниот Златко Хасанбеговиќ, кој се покажа како радикален десничар вршејќи ја функцијата министер за култура, доби најмногу гласови во изборот на членовите на претседателството на партијата“. „Факт е дека структурите на партијата не се променети“, изјави Малдини, но додава дека десничарската струја во партијата го прифати Пленковиќ како „чисто лице“ кој би можел да го искористи краткото помнење на хрватските гласачи, но и да ги истисне неуспесите на Карамарко во заборав и да ја сведе штетата на минимум.

Pero Maldini
Перо МалдиниФотографија: Privat

Новиот претседател ја враќа партијата на европски пат

„Пленковиќ е добар дипломат, со префинети манири и умерен политички говор“, ни вели и политичката аналитичарка на „Т-портал“ Хелена Пуљиз, па го става во групата на претставници од ХДЗ кои во 90-тите се сметале за техноменаџерска фракција.

„Иако во ХДЗ формално влезе дури во 2011 година, на политичката сцена излезе уште во 2000 година, кога водеше изборна кампања на претседателскиот кандидат Мате Граниќ.

Helena Puljiz Journalistin
Хелена ПуљизФотографија: Dražen Breitenfeld

Настапите на Пленковиќ се строго контролирани, што во иднина може да му претставува проблем кај неговото гласачко тело, вели Пуљиз.

„Може да го нарекувате стегнат, иако тој во полуслужбена и приватна комуникација е прилично слободен и пријатен. Прашање е дали тоа ќе го пренесе и во политичкиот простор. На тврдење на европратеничката на ХДЗ, Дубравка Шуицa дека Пленковиќ ќе ја европеизира Хрватска, Пуљиз одговара дека Хрватск веќе била европеизирана до доаѓањето на Томислав Карамарко на власт.

„ХДЗ одеше токму по европски пат, а потоа се случи регресија. Мислам дека Шуицa пред се мисли на повторна европеизација на ХДЗ. Тоа е значајно, затоа што се работи за многу важна партија, без оглед на изборните резултати. Во интерес ни е да биде на европски пат“. Пуљиз мисли дека новиот претседател на партијата може да биде успешен во тоа, бидејќи не верува дека мнозинството од оние во ХДЗ се против европскиот пат.

„Тоа се случи со владеењето на Карамарко. Во прв план ги ставаше луѓето кои не беа ниту доволно образовани, ниту доволно спремни, а некои дури можеме да ги наречеме примитивни. Но барем половина од членовите на ХДЗ не се такви и тоа се заборава. Беа маргинализирани, но се забележани од Пленковиќ и Шуица. Тоа се виде во краткиот мандат на Јадранка Косор“.

Новиот однос со Милановиќ

На забелешките од редовите на партиските ветерани дека ХДЗ во времето на Карамарко била лишена од секаква интелектуалност, Малдини вели дека се далеку од вистината.

Kroatien Wahlen Tomislav Karamarko
Томислав КарамаркоФотографија: picture-alliance/landov

„Дури Зоран Милановиќ, на разни политички провокации, рече дека, според него, Пленковиќ припаѓа на левото либерално крило на Социјалдемократската партија (СДП). Тоа е хибербола, но е делумно точна“. Понатаму наведува дека хрватските политичари немаат знаење и способност да се бават со вистинските проблеми на државата, па вештачки произведуваат идеолошки судири.

„Тоа е коска за која гласачите лесно се тепаат. Подели и владеј“. Професорот на овој начин посакува идни хрватски Аденауер и Брант кои беа политички соперници, а не непријатели.

Новиот шеф на ХДЗ, продолжува Малдини, ќе биде многу поголем предизвик за претседателот на СДП, Милановиќ.

„Тој доминираше интелектуално и политички над Карамарко. Од друга страна, расправата со јалово идеолошко препукување може да се пренесе на социоекономските прашања. Тоа би бил позитивен чекор. Но предуслов е Пленковиќ да стекне легитимитет и да се позиционира како претседател на партијата со сите овластувања. Сегашното опкружување, повторувам, го турка напред од прагматични причини, а не поради идеолошко согласување“. Поради тоа се стекнува впечаток дека и покрај лесното превземање на партијата, новиот претседател се наоѓа во непријателско опкружување.

„На луѓето кои падот на Карамарко ги сопре во подемот им е во интерес да тврдат дека Пленковиќ е човек кој е поблизок до СДП, но со тоа не се согласувам“, ни вели Пуљиз, со објаснување дека избирачите на ХДЗ ќе се обидат да го спасат она што може да се спаси.

„Катастрофалните резултати на Карамарко бараат нов модерен лидер на партијата кој може да понуди надеж дека ХДЗ во следните 2-5 години ќе се нормализира и ќе стане вистинска народна партија“.