Спорт
Англија во финале, Англичаните во екстаза
8 јули 2021Реклама
Историската димензија на сопственото постигнување и кај хероите на Вембли предизвика силни чувства. „Неверојатно, ќе играме во финале и тоа дома. Какво чувство!“, изјави Хери Кејн по натпреварот со Данска, кој по продолженијата заврши со резултат од 2:1.
Во недела, во финалето, Англија игра против фаворитот Италија. „Знаеме дека ќе биде тешко, но досега имаме извонреден турнир. Уште само овој натпревар на домашен терен. Одвај чекаме“, вели капитенот Кејн.