Албанската империја на надзорот
Овој музеј важи за место на ужасот: “Куќата на Ефеј“ во Тирана била најважниот центар за прислушување на албанските тајни служби за време на диктатурата. Актите на тајните служби сè уште не се отворени.
Тешко справување со минатото
Во Втората Светска војна,„Куќата на Ефеј“ била седиште на Гестапо. Од 50-те години на минатиот век, тајните служби на комунистичка Албанија од тука ги координираат активностите за прислушување. Денес, со специјална образовна мултимедијална поставка, таа е потсетник на една диктатура:знак дека започнува справувањето со тоа минато – иако досиеата на тајните служби во Албанија сè уште не се отворени.
Листови на сеќавање
Црните листови поставени на влезот го симболизираат едно од најтемните поглавја на албанската диктатура: работата на тајните служби „Сигурими и штетит“ (Sigurimi iShtetit). Според информациите на албанските власти, над 120.000 граѓани имбиле информатори на страшните тајните служби – во земја која во тоа време има 3 милиони жители.
Соба на ужасот
Поранешните политички затвореници раскажуваат дека во 50те години биле мачени во „Куќата на Ефеј.“ Во истражните ќелии од времето на комунистичката диктатура на ѕидовите се скицирани разчични методи на мачење.
Поглед во минатото
Албанските тајни служби изградиле вистинска империја за набљудување. Според податоците на албанските власти во врска со бројот на досиеа, има 212.145 досиеа, 250.000 индивидуални папки, 15.000 судски досиеа, 21.000 досиеа за полициски процеси и 16.000 регистри. Сето ова е изготвено меѓу ноември 1944 година и јули 1991. Не е позната бројката на досиеа кои се уништени.
Посебна техника за набљудување на една диктатура
„Тајните служби се најострото и најомиленото оружје на нашата партија, бидејќи ги брани инересите на народот и нашата социјалистичка држава од внатрешни и надворешни непријатели“, изјави диктаторот Енвер Хоџа. Набљудувањето беше насочено против сите: Албанци завршуваа во затвор само поради тоа што се пожалиле на недостаток на некои производиво продавница, а ги пријавил вработен во тајните служби.
Странски апарати, албанско подобрување
Во музејот се прикажани оригинални апарати кои ги употребувале тогашните тајни служби – како машина за куцање. Албанските тајни служби ги купувале најновите технички апарати од Русија, Кина и ГДР – но, и од приватни компании од Западна Германија. Многу од апаратите потоа се „подобрени“ од албански инженери, со цел истовремено да се прислушуваат до 40 телефонски разговори.
„Бубачка“
Овој апарат го произвеле албански инжинери во лабораторијата на Министерството за внатрешни: „Дхенеси А1“ (Dhënësi A1) или познат како „Бубачка“ е симбол на набљудувањето за време на комунистичкиот режим. За време на диктатурата, тајните служби во Албнија напишале 32 милиони страници.