Австрија осамена во ЕУ околу преговорите со Турција
14 декември 2016И покрај тоа што ја нема поддршката од министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ, шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц не се согласува со оценката дека е изолиран. Успех е што поради несогласувањето на Австрија не се донесени официјални заклучоци на Советот на ЕУ за состојбата со преговорите за приклучување на Турција и другите кандидати кон Унијата, изјави Курц вчеравечер во Брисел. Покрај тоа, „еднаш засекогаш стана јасно дека нема да се отвораат нови поглавја во преговорите“, нагласи Курц. За отворање, имено, е неопходна едногласнсот на ЕУ, а Австрија се противи.
Дипломат на ЕУ блокадата на Австрија ја оцени како несреќна, затоа што на тој начин не е официјално признат ниту напредокот на кандидатите за ЕУ од Западниот Балкан.
По заклучокот на ЕУ за запирање на проширувањето на преговорите за приклучување со Турција, засега е непознато како ќе реагира Анкара. На самитот на Унијата утре, шефовите на држави или влади на ЕУ имаат намера, покрај останатото, да разговараат и за односот кон Турција, па не е исклучено Турција да реагира веќе претходно.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во ноември веќе ѝ се закани на ЕУ до отворање на границата за бегалците, откако Европскиот Парламент побара „привремено замрзнување“ на преговорите со Анкара за приклучување.