1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австрија гласаше „за„ ЕУ-уставот

12 мај 2005

Само еден глас против: Австрија со тоа јасно покажа дека е за европското единство и за натамошниот развој на Европската унија.

https://p.dw.com/p/Acqd
Австрискиот парламент го изгласа Уставот на ЕУ

Сојузниот канцелар Волфганг Шисел, пред гласањето:

„Да гласаме заедно за овој важен чекор, за мирна, социајлна и економски силна Европа, за демократска Европа на нејзините граѓани, за уставот на ЕУ„.

Меѓутоа со ова јасно изгласување австриската дебата за европскиот устав не е завршена: покраинскиот премиер на Корушка, Јерг Хајдер неделава, непосредно пред гласањето побара референдум. Го поддржа влијателниот булеварски весник „Корненцајтунг„:„Црн ден за директната демократија„ гласеше вчерашниот наслов во овој весник.

Евро-пратеникот Ханс Петер Мартин најави жалба до уставниот суд, а шефот на ФПЕ Хајнц Кристијан Штрахе дури вели дека станува збор за уставен пуч, но не во парламентот зашто не е негов член. Во својот говор Шисел им одговори дека би било добро да се одржи европски референдум:

„Во Австрија имаме широка поддршка за оваа идеја за референдум во цела Европа. 52 насто Австријци се за тоа, што значи и дека не се за референдум дома„.

Неговиот коалиционен партнер, шефот на фракцијата на слободните, Херберт Шајбнер изјави дека барањето за референдум во Австрија пристигнало предоцна. И австриската опозиција застана на страната на владејачките партии. Претседателот на социјалдемократите Алфред Гусенбауер изјави дека ЕУ е успешен одговор на Втората светска војна. Во новиот устав има недостатоци, но и подобрувања:

„Алетрнативата за која решеваме денес не е овој устав или подобар устав, туку: овој устав или да се остане во таканеречениот договор на Европа со уште поголема непрегледност од онаа што ја сакаат луѓето„.

Со сличен став и зелените. Нивниот шеф Александер ван дер Белен:

„Мислам дека се поставени темелите за една Европа на демократија и дека Европа прави нешто поинакво од многу други држави во светот„.