1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австрија – Балкан под полна пареа

Андреас Мејер-Фајст4 јули 2008

Австриската пошта владее со логистичките пазари во Хрватска и Србија, банките заработуваат преку лизинг-бизнисот, многу градежни компании се активни на Балканот. Ризикот е голем, но истористките врски се тесни.

https://p.dw.com/p/EWCY
ЖелезницаФотографија: AP

Железничко ѕвонче на старата рампа на железницата во Фоча. Потсетува на стара Австрија. По окупирањето на Босна, Австријците ја изградија пругата за да пренесуваат војници и оружје од Сараево кон Вишеград и натаму кон Турција. Тоа беше во 70-те години на 19. век. Во Фоча денес веќе никој не мисли на тогашната политичка заднина. Битно е што оставиле Австријците зад себе.

Schienen fuehren zum Hauptbahnhof in Frankfurt/Main, aufgenommen am 6. Maerz 2003 Symbolbild Deutsche Bahn Schienenweg Möglicher Börsengang der Deutschen Bahn
ШиниФотографија: AP

Душан Молјевиќ работел во железницата се` до пензионирањето. Тој се потсетува на начинот на кој работеле Австријците: „Денес тунелите се бетонираат и готово. Австријците ги градеа со убави камења“ – вели тој.

По оваа железница сега поминува само еден прастар воз. Порано превозот не можел да се замисли без железницата.

„Тука имаше и рудници. Поминуваа долги возови со по две локомотиви. Откако се затвори железницата, згаснаа и рудниците. За нив возот беше најевтиното превозно средство“ – се потсетува Душан.

Затворањето на железницата во 70-те години доведе и до затегнување на дипломатските односи. Австрија ја притискаше тогашната југословенска влада да не дозволува нивното техничко ремек-дело да пропадне туку-така. Безуспешно.

Лизингот – најголем бизнис на Балканот

Во меѓувреме економската локомотива меѓу Австрија и балканските земји патува под полна пареа. И тоа не само кон Босна и Херцеговина. Порано беше железница, денес австриските фирми градат автопати. Инвститорите од Австрија важат за најголемите авантуристи на Балканот. Србија, Хрватска и Албанија – во сите три земји истовремено. Виенските банки отворија свои филијали во секоја од нив. Рекламни паноа на уличните светилки со нивните локации. Муштериите – пред се` домашни бизнисмени со тенок капитал, кои не можат да работат без помошта од банките.

Commerzbank will Eurohypo komplett übernehmen
Банките го шират бизнисотФотографија: dpa

Инвестициите се ставаат на лизинг – лизингот е најголемиот бизнис за банките на Балканот. Производот останува сопственост на банката. Бизнис што е помалку ризичен за банката, отколку што е за корисникот, посебно ако нема средства да го исплати кредитот.

Австрија е веќе најголемиот странски инвеститор во Хрватска. Скоро една третина од хрватскиот пазар е покриен со австриски производи, од машинска до прехранбена индустрија. Австријците водат и во услугите во градежништвото и во индустријата, како и во хотелиерството.

На инвестицискиот пат стојат многу пречки. Но Австријците се навикнаа на тоа. Даночните закони се толку комплицирани на Балканот, што ретко кој финансиски службеник се обидува да ги разгледа. А тешко оди и наплаќањето на долговите од должниците. Но, високите маржи на крајот ги израмнуваат сметките. На пример, во Србија.

Конците ги држат азиски претпријатија

И покрај политичката нестабилност, Србија е омилената дестинација на австриските инвеститори. Ниедна друга земја не инвестира толку колку Австрија. Посебно во изградбата на пречистителни станици, улици и снабдувачките услуги. Во Србија и Хрватска е присутна и австриската пошта. Заедно со нејзините фирми-ќерки од логистиката, австриската пошта е апсолутен водич во ова поле на Балканот.

BDT Briefzentrum der Deutschen Post
Центар за писмаФотографија: AP

И додека на исток бизнисот цвета, во матичните земји замира. Во Австрија се затворени многу претставништва на поштата, но во Србија и Хрватска се отвораат нови. Само во ова Австријците ќе вложат 20 милиони евра оваа и наредната година.

Душан Молјевиќ нема слушнато дека поштата на Балканот е скоро половината австриска. За него е важно старата железница повторно да проработи. Може и на кредит од некоја австриска банка. „Сите жители тука беа вработени во железницата. Татко ми беше машиновозач, почина пред неколку години. Не ни сонуваше дека овде никогаш повеќе нема да помине воз“ – со носталгија раскажува Душан.

Но југоисточното економско партнерство е поглобално отколку што изгледа. Зад австриските фирми често се кријат азиски претпријатија – инвеститорите од Далечниот исток ја користат компетенцијата на австирските партнери од Виена за да пуштат нога и на балканско тло. Азиските компании веќе си ги поделија пазарите во многу региони – иако на прв поглед изгледа дека парите одат само на австриска адреса.